Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Годишнина од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Скопје, 26. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, во 1963 година се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени.

Потресот беше во 05:17 часот, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15. 800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над главата.

По трагедијата на Скопје, Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат достава на храна, а Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот.

57 години од катастрофалниот земјотрес - Скопје се сеќава - telma.com.mk

Хуманитарни организации од многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град.

На 23-ти септември 1963 година, 35 земји побараа Генералното собрание на дневен ред да стави точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје по што на 27-ми септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје.

Скопски земјотрес (1963) — Википедија

На 14-ти октомври, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската Влада при реконструкцијата на Скопје.

Во дебатата, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје.

59 години од катастрофалниот земјотрес – Трилинг

Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија.

Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 – 11 степени.

Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи.

Скопје потоа бил изграден на денешното место. Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат.

Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи на 26-ти јули 1963 година, кога Скопје беше погодено од земјотрес со јачина од девет степени по Меркалиевата скала или шест според Рихтеровата со епицентар на плоштадот „Македонија“. (Крај)

извор: МИА фото: МИА

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука