Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Лице од Охрид повредено во сообраќајна незгода во Неготино

Неготино/Охрид, 6. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице се здобило со тешки повреди, откако возило удрило во паркиран автомобил во Неготино, информираат денеска од СВР Велес.

– Вчера во 15:30 часот во Полициската станица во Неготино било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“, патничко возило марка „Фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од страна на 49-годишно лице од Неготино, удрило во паркирано патничко возило „Фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 55-годишно лице од Неготино, потенцираат од Секторот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на првото возило, а неговите сопатници 43-годишно лице од Охрид и 48-годишно лице од Неготино се здобиле со телесни повреди, констатирани во неготинската болница. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Полициската станица од Неготино. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука