Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Календар на МПЦ-ОА: Успение на Св. Ана, мајката на Богородица

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници го слават денешниот ден во чест на успението на Св. Ана, мајката на Богородица.

Денес се празнува нејзиното успение, а нејзиниот главен празник паѓа во месец септември. Света Ана потекнуваше од Левиевото колено (еврејско свештеничко колено).

Татко и беше свештеник по име Матан.

Проживеа долг и богоугоден живот и во длабока старост се претстави пред Бога.

Тропар

Богомудра Ано, во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка Која Го роди Животот. Затоа сега си се преселила кон небесното блаженство, каде што е живеалиштето на оние што се веселат, радувајќи се во слава, и просејќи очистување на гревовите на оние што те почитуваат со љубов, секогаш блажена.

Кондак

Го празнуваме споменот на Христовите прародители, верно барајќи помош од нив, да се избавиме од секаква неволја сите ние кои повикуваме: Со нас е нашиот Бог, Кој ги прослави, како што благоволи. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука