Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ДЗС: Трошоците на живот во јули на годишно ниво повисоки за 3.0 %, цените на мало за 3.9 %

Скопје/Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Трошоците на животот во јули годинава, во однос на јули лани, бележат зголемување за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %, соопштија од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни 2024 година, изнесува 0.7 %. Цените на мало, пак, во јули во споредба со претходниот месец забележал раст од 1.5%.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на растото на трошоците на животот во групите: ресторани и хотели за 5.8 %, транспорт за 4.9 %, рекреација и култура за 1.2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

Во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: облека и обувки за 0.5 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.2 %, комуникации за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите: мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и образование останале на исто ниво како и во претходниот месец. (Крај)

извор: Курир.мк фото: Курир.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука