Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведен германски турист кој неовластено допливал до плажата кај резиденцијалните вили кај „Инекс“

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти август 2024 година, во 13:00 часот во туристичкиот комплекс „Инекс“ во Охрид, полициски службеници приведоа 22-годишно лице од Сојузна Република Германија.

– Пливајќи покрај брегот на езерото, тој излегол од водата и неовластено се упатил кон објект сопственост на државен орган. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука