Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведени две лица

Охрид, 15. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти август 2024 година, околу 20:00 часот на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода две лица од Охрид на возраст од 33 и 46 години.

– Тие се затекнати на паркинг простор каде одгледувале растение канабис. Подоцна, при претрес во нивните домови, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука