Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Дали сте подготвени да го погледнете светот во очи? Забава со Тиквеш, Luda Mara и „Тамаро“ во Хипер маркетот на улицата „АСНОМ“ (Фото/Видео)

Охрид, 14. август (ОХРИДПРЕС) – Тиквеш и прекрасните вкусови на виното Luda Mara, во комбинација со „Тамаро“ и екипата на Супер радио, вечерва беа одлично друштво во Хипер маркетот на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“ во населбата „Бејбунар“.

Водителот Жанко ЗШ Голабоски уште еднаш направи одлична атмосфера во делот посветен на виното во маркетот и заедно со охриѓани наздрави за уште едно прекрасно лето во прекрасниот Охрид.

– Топло време, лето, плажа… Нека е топло, и треба да биде. Затоа тука имаме малку супер вино од Тиквеш, за заедно со добра храна да уживаме во секоја голтка. Нели порачуваат – да го погледнеме светот во очи. Тоа и го правиме секоја можна прилика и уживаме во врвниот вкус. Ова лето Луда Мара ќе се влие во прекрасното Охридско Езеро. Заедно со омилените Temjanika и Vranec, ќе ги донесе и новите вина White Cuvée и Red Cuvée на Тиквеш. За летни авантури кои доаѓаат брзо како и брзиот тек на реката, порача водителот Жанко.

Тој уште еднаш на охриѓани и гостите им ги претстави вината на Тиквеш.

– Luda Mara Red Cuvée претставува купажа од сортите вранец, каберне совињон и гренаш кое плени со сочна разиграност, вкусови на капина, црна рибизла и зачински ноти во позадина и долготраен финиш. Luda Mara Temjanika е освежително вино со интензивни вкусови на зрели агруми и зелена слива, идеално сервирано на температура од 7 степени Целзиусови. Luda Mara Vranec Уживај во суво вино со полно тело и танини со вкусови на зрела вишна, црна рибизла и калинка. Долгиот и комплексен финиш сам ќе исцрта насмевка на твоето лице… Luda Mara White Cuvée Кога сакаш да ја почувствуваш свежината во топлите летни денови препушти се на оваа купажа од шардоне, совињон блан и виоње која во себе ги има аромите од лимета, грејпфрут, круша и бела праска, проследено со овошни цветови и тревни ноти, порача Жанко.

Посака секој момент поминат со чаша Luda Mara во раката биде исклучителен, да конзумираат одговорно и да учествуваат во наградната игра која започнува секој работен ден во 10:00 часот на Facebook профилот на Супер радио и ќе трае до крајот на август.

– Треба само да го тагирате пријателот кој знае да ужива во пијалокот на Боговите и да го споделите постот. Ова лето Луда Мара ќе се влие во прекрасното Охридско Езеро. Заедно со омилените Temjanika и Vranec, ќе ги донесе и новите вина White Cuvée и Red Cuvée на Тиквеш, вели Жанко.

Следната и последна забава за ова лето на Тиквеш со екипата на Супер радио, Луда Мара и Тамаро во маркетот на улицата „АСНОМ“ е во среда, на 21-ти август 2024 година, со почеток во 20:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука