Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Од 09:30 до 12:00 часот забрана за пловидба по каналот „Студенчишта“, ќе се одржува Централната свеченост за Денот на АРМ

Охрид, 18. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 09:30 до 12:00 часот, денеска ќе биде во прекин пловидбата по каналот „Студенчишта“, информираат од СВР Охрид и полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“.

– Прекинот е поради предвидените активности на просторот кај Центарот за обука на вода во Охрид, каде ќе се одржи Централната свеченост по повод 18-ти август, Денот на Армијата на Република Македонија, информираат од СВР Охрид.

Поради денешниот значаен настан, апелираат, граѓаните да ги почитуваат мерките што ќе ги спроведуваат инспекторите за пловидба од Капетанија на пристаништа во Охрид и полициски службеници од СВР Охрид и Езерската полиција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука