Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Три намирници кои треба да ги јадете по 40 година, го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест

Охрид, 19. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Неврологот Almira Gimranova посочува на три намирници кои се ефикасни во спречувањето на Алцхајмеровата болест.Оние кои редовно ги јадат подалеку се од оваа неизлечива болест на мозокот бидејќи нивната консумација го намалува ризикот од деменција за дури 50 проценти.

Мрсна риба

Мрсните риби (туна, лосос) ќе помогнат да се зголеми менталната активност. Содржат многу омега-3 киселини кои благотворно делуваат на мозочните клетки и ги намалуваат воспалителните процеси.

Бобинки

По 40-тата година се препорачува секој ден да се јадат малини, боровинки и други бобинки. Во овој случај, веројатноста за развој и прогресија на деменција и Алцхајмерова болест е намалена за 50%.

Јаткасти плодови

Оние кои редовно јадат јаткасти плодови не страдаат од когнитивниот пад кој се јавува со возраста. Витаминот Е, кој го содржат, ги штити мозочните клетки од оштетување.

(Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука