Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со услови за дожд попладне и температура до 28. степени

Охрид, 19. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

UV индексот ќе биде 6, а максималната температура ќе се искачи до 28. степени.

– До среда времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Денес и утре на повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука