ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Селото Скребатно се подготвува за прославување на празникот Успение на Пресвета Богородица

Охрид, 18. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година убавото охридско село Скребатно се подготвува за достојно одбележување на празникот Успение на Пресвета Богородица.

Во Facebook групата Патувања низ Македонија 🇲🇰 Travelling around Macedonia денеска членот Николина Нина објави неколку прекрасни фотографии од подготовките за годинешниот празник.

Илјадници верници по традиција на 28-ми овој месец, ќе дојдат во Скребатно каде ќе се помолат во храмот на Пресвета Богородица, по што за сите ќе биде поделен традиционалниот ручек кој се служи во оваа црква.

На празникот Успение на Пресвета Богородица во кругот на обновената црква во Скребатно се подготвува и дели ручек за 5.000 луѓе, со што се продолжува заветот даден пред повеќе од два века.

Тоа е голем црковно-народен собир посетен од 7-8 илјади домашни и гости од странство, на кој во кругот на обновената црква „Св. Богородоца“ се подготвува и дели ручек. Необично во целата приказна е што Голема Богородица, како што народот го нарекува големиот христијански празник, толку масовно се празнува во планинското село кое одамна е напуштено и нема ниту еден постојан жител.

Собирот во секој негов дел секогаш е одлично организиран, уредени се паркинзи и важи посебен сообраќаен режим за празникот што ги поштедува гостите од застои. Се служи манастирска ракија и храна, а секогаш е весело со ора и изворна музика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Патувања низ Македонија 🇲🇰 Travelling around Macedonia

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука