Избор Македонија Празници ТОП ВЕСТИ

Икона на Пресвета Богородица „Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар, во петок ќе биде донесена во Скопје

Скопје, 17. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 20-ти септември 2024 година, во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје ќе биде донесена икона на Пресвета Богородица „Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар.

– Свечениот пречек на иконата ќе биде во 17:00 часот пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Потоа ќе следи празнична Вечерна богослужба, по што ќе се изврши литија со иконата низ центарот на Скопје, информираат од Канцеларијата на Скопската епархија.

Додаваат дека во сабота, на 21-ви септември 2024 година, ќе се отслужи света архијерејска Литургија, на која ќе началствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи и свештенослужители на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија и гости. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука