Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Црвен крст Охрид ќе организира напредна обука за укажување на прва помош

Охрид, 20. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид објави повик за учество на напредна обука за укажување на прва помош.

Обуката ќе се спроведе во соработка со инструктор од Црвен крст Зеволде од Холандија.

– Кандидатите треба да имаат претходно познавање на основи на првата помош и напредно ниво на познавање на англиски јазик. Повеќе информации сите заинтересирани може да добијат на телефоните 046 262 706 и 070 315 309, а пријавите може да ги испратите на email ohrid@redcross.org.mk и на следниот линк, информираат од охридскиот Црвен крст.

Обуката ќе се реализира во општинската организација во месец септември и ќе трае 12 дена.

Претходно беа направени две вакви обуки во 2016 и 2018 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука