Здравје Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Смртноста поради климатските промени во Европа би можела тројно да се зголеми до крајот на векот

Охрид, 22. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Студијата, објавена во списанието Lancet Public Health, покажа дека бројот на смртни случаи ќе реагира бавно на глобалното затоплување, па дури и може да се зголеми како што луѓето стареат и стануваат поранливи на опасните температури.

Ако глобалното затоплување достигне 3 или 4 степени Целзиусови, заклучија истражувачите, зголемувањето на смртните случаи од топлина во голема мера ќе ја надмине бројката на смртни случаи од студ. Истражувачите се со став дека резултатите покажуваат дека климатските промени би можеле да претставуваат „предизвици без преседан“ за системите за јавно здравје, особено за време на топлотните бранови.

– Се очекува многу повеќе смртни случаи поврзани со топлината да се случат како што климата се загрева и населението старее, додека смртните случаи поврзани со студ само малку се намалуваат, изјави Дејвид Гарсија-Леон од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, кој е коавтор на студијата.

Истражувањето доаѓа по серијата топлотни бранови што предизвикаа хаос низ континентот. Истражувачите моделирале податоци од 854 градови за да ги проценат смртните случаи предизвикани од високите и ниските температури низ целиот континент. Откриле дека жештините ќе убијат повеќе луѓе во сите делови на Европа, но дека најтешкиот товар ќе падне на јужноевропските земји како Шпанија, Италија и Грција, како и на делови од Франција.

Тие предвидуваат дека бројот на смртни случаи од високите температури ќе се зголеми за 13,5% доколку планетата се загрее за околу 3 степени. Повеќето од оние што ќе умираат ќе бидат на возраст над 85 години.

Анализата беше заснована на претходна студија која претпоставуваше дека ефектот на температурата врз стапката на смртност е константен помеѓу 2000 и 2019 година, но други студии објавија намалување поради фактори како што се подобрена здравствена заштита и промени во инфраструктурата. (Крај)

извор: N1 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука