Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Поголем дефект на водоводната мрежа, во прекин водоснабдувањето во централното градско подрачје

Охрид, 24. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поради настанат поголем дефект на водоводната мрежа (пукната цевка со профил ф 500 мм), денес од 15:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето во централното градско подрачје, а со намален притисок ќе биде поголем дел од градот, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Додаваат дека екипи на претпријатието се на терен каде ќе работат до целосно завршување со санацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука