Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и многу топло време со умерена облачност и температура до 31. степени

Охрид, 25. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 31. степени.

– Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во овој период ќе биде во постепено опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука