Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Тешка сообраќајка кај Ростуше, во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид пренесени 7 повредени лица од кои 4 малолетни

Гостивар/Охрид, 25. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти август 2024 година, во 21:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница-Дебар кај селото Ростуше се случила сообраќајна несреќа во која се повредени седум лица, од кои 4 малолетни.

– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Опел“ со италијански регистерски ознаки, управувано од страна на 35-годишно лице од селото Требиште и патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 21-годишно лице од гостиварско Велебрдо. Во несреќата возачот на патничкото моторно возило „Форд“ и два малолетни сопатници од патничкото моторно возило „Опел“ се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, додека возачот на патничкото моторно возило „Опел“, сопатниците и две малолетни лица се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По насоки на јавен обвинител, увид изврши полициска екипа од ОВР Гостивар, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука