Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридските моторџии со почесен круг во спомен на Крсте Велјан

Охрид, 25. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на мото клубот „Мото Охрид“ од Охрид денеска возеа почесен круг во спомен на нивниот колега и пријател Крсте Велјаноски- Велјан.

Тие во раните утрински часови се собраа на Градскиот плоштад во Охрид, по што возеа до Св. Наум и назад.

Тој го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи на 23-ти август 2016 година на магистралниот пат Охрид-Кичево. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука