Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во организација на клиниката „Жан Митрев“, охридскиот уролог, д-р Горан Балевски ќе одржи бесплатен вебинар за предизвиците во детската урологија

Скопје/Охрид, 26. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Доктор Горан Балевски, специјалист хирург-уролог во охридската Општа болница, во четврток, на 29-ти август 2024 година ќе се одржи бесплатен интерактивен вебинар.

Од клиниката „Жан Митрев“, кои се организатори на настанот, информираат дека за време на вебинарот, нашиот искусен специјалист по урологија, ќе сподели вредни информации и ресурси за подобро разбирање и управување со уролошките состојби кај децата.

Балевски ќе зборува на тема „Најчести предизвици во детската урологија – од дијагноза до ефикасен третман“.

– Доколку се приклучите на нашиот вебинари ќе дознаете повеќе за: клучните предизвици во детската урологија, хируршки третман на деца од 12 месеци до 14 години со хипоспадии, третман на неспуштени тестиси, решавање на компликации по цирцумцизии, цистоскопии и сондирања кај деца и за нјновите достигнувања и иновативни пристапи во детската уролошка хирургија, информираат организаторите.

Сите заинтересирани можат да се регистрираат на следниот линк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука