Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Неделава ќе се исплатат парите од „Мој ДДВ“

Скопје, 26. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Исплатата на средствата за тримесечјето април-јуни ќе се реализира во законскиот рок, односно до крајот на месец август, информираа од УЈП.

– Известуваме дека во однос на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица за последното тримесечје се генерираат налози за отпочнување на исплатата. За ова тримесечје ќе се исплатат околу 858.059.205 милиони денари на 491.407 граѓани кои скенирале фискални сметки за период април-јуни 2024 година, велат од УЈП.

Исплатата доцнеше бидејќи се чекаше Собранието да го изгласа ребалансот на Буџетот. Истиот беше изгласан на 12. август, по што следуваа и реакции на граѓаните за доцнењето на исплатата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука