Струга, 26. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Педесет и четиригодишниот Ергин Борова за хуманитарни цели исплива 23 километри во Охридското Езеро.
Маратонското пливање траеше 7 часа без прекин, а по завршувањето на едно толку долго пливање, Борова изјави:
– Порано го завршив пливањето, поради добриот тренинг. Се надевам дека овој предизвик ќе ја подигне свеста за центарот за деца со посебни потреби, напомена Борова, јави 24info.mk.
Ергин Борова е со потекло од Струга, но живее во Холандија. Последниве години е еден од оние сограѓани, кој често е присутен во родниот крај, инвестирајќи во различни проекти. Тој се надева дека оваа негова акција, која бара повеќемесечна подготовка и обука, ќе поттикне поединци или други организации да му помогнат на центарот за деца со посебни потреби во Струга. (Крај)
извор: 24info.mk фото: 24info.mk