Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска е Меѓународен ден на планинското спасување

Охрид, 28. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Викендот помеѓу 28-ми и 29-ти август 1948 година, на покана на Австрискиот Алпинистички Клуб, во Вајлдер Кајзер за прв пат се собрале експерти за спасување на планина од алпските земји, со цел меѓусебна размена на искуства, знаења и техники.

На овој значаен собир, било иницирно формирање на Меѓународна организација за планинско спасување, која во 1955 година го добива името Меѓународна Комисија за Алпско Спасување (ICAR – International Commission for Alpine Rescue). Токму поради историското значење на овој настан, Генералното собрание на ICAR во 2022 го утврди 28-ми август, како Меѓународен ден на планинското спасување, на кој зеднички го одбележуваме духот на заедницата, напредокот и посветеноста на спасувачите од целиот свет за безбедноста и спасувањето на човечки животи на планините.

Денеска е Меѓународен ден на планинското спасување

Во Охрид работи исклучително активната Планинска спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид, која зад себе има бројни успешни акции за спасување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука