Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР со метео предупредување: Следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Скопје/Охрид, 29. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) известуваат дека следува период во кој се очекува појава на нестабилно време со пороен дожд и грмежи.

– Денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни утре и во петок во попладневните часови кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, како и локална појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град, додаваат од УХМР.

Во случај на појава на електрични празнења, се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука