Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Министерот Тошковски денеска во Охрид ќе се сретне со српските полицајци кои спроведуваа патроли со македонските колеги

Охрид, 30. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во Охрид ќе се сретне со полициските службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија и на македонското МВР, кои на подрачјето на Охрид, периодов наназад спроведуваа заеднички патроли.

– Средбата е предвидена во 14:00 часот, по што министерот Тошковски, заедно со соработниците од МВР и СВР Охрид, со полициските службеници од Србија и Македонија и полициското аташе на МВР на Република Србија, ќе остварат заедничка патролна активност по кеј „Македонија“ до Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, по што ќе одржат прес конференција.

– Во рамките на посетата, министерот Тошковски, ќе оствари работна средба со раководството на полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ и СВР Охрид. Денешната активност на министерот Тошковски е во согласност со протоколот за соработка за време на туристичката сезона на МВР на Република Македонија и на Република Србија што неодамна, беше потпишан помеѓу министрите за внатрешни работи на двете земји, информираат од СВР Охрид.

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, од 19-ти август до денеска се присутни во Охрид, согласно договорената соработка на МВР на двете држави за време на туристичката сезона. Соработката беше договорена за време на официјалната посета на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Србија на 25-ти јули оваа година. Согласно Протоколот за соработка меѓу МВР на двете земји за соработка во текот на летната сезона, тројца полициски службеници на српската полиција од општа надлежност и еден од Одделението за криминалистика секојдневно во односниот период ќе работаат на терен заедно со нивните колеги од Македонија. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука