Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на крстосницата од улиците „АСНОМ“ и „Партизанска“, повредени две лица од кои едно малолетно

Охрид, 1. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска, во 00:40 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од улиците „АСНОМ“ и „Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 24-годишно лице од Охрид и мопед марка „Априлија“, управуван од страна на 18-годишно лице од Охрид, кој после тоа удрил во паркирано патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука