Струга, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 49-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
– При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа опојна дрога кокаин, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 71