Охрид, 13. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress, кои живеат на овој потег на градот, преку допис до редакцијата реагираат на состојбата во која се наоѓа патот кон Шипокно.
– Плаќаме улично осветлување, има 8 бандери, а само 3 сијалици. Тука имаме приватни имоти, плаќаме градски водовод, струја, данок на имот и во вакви услови се обидуваме да развиваме туризам. Исто така, децата од населбата Шипокно одат на училиште во Рача по овој пат и на лето и на зима, велат во дописот.
Додаваат дека патот е блокиран од песок и камења, дека се’ е раскопано и однесено на главниот пат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 103