Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Крводарителска акција во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид

Охрид,14. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Црвен крст Охрид, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Орхид, денеска ќе се одржи крводарителска акција.

Под мотото „Дајте крв, разубавете го денот себе си и на другите“, акцијата ќе се одржи во периодот од 10:00 до 14:00 часот.

– Ги повикуваме сите граѓани кои имаат желба и потреба да даруваат крв на крводарителската акција, порачуваат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука