ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Фестивал на пастрмката во Поградец, езерото порибено со 2 милиони парчиња подмладок на охридска пастрмка

Поградец/Охрид, 14. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро, од албанска страна, денеска кај Поградец беше порибено со над 2 милиони парчиња подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка.

Без да наведат од каде е подмладокот и останати детали за процесот, од Општина Поградец велат дека станува збор за „најуникатната риба во светот“ и во таа насока организирале и соодветен „Фестивал на пастрмката“.

– Збогатувањето на езерото со околу 2 милиони единки оваа сезона, количина која секоја година се зголемува, го покажува зголеменото внимание на албанската држава за заштита и додавање на овој ендемичен вид, потенцираат од Општина Поградец.

Покрај богатата забавна програма која ќе се одржи вечерва во Поградец, денеска се одржа и саем на специјалитети од пастрмка, кои ги подготвуваа познати кувари од Албанија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Поградец

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука