Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охриѓанец повреден во сообраќајка на регионалниот пат Прилеп-Битола

Битола/Охрид, 15. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти септември 2024 година, околу 13:00 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, пред влез за селата Добрушево и Клепач, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени три лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Фолксфаген” со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 66-годишно лице од Охрид и трактор „Имт” со прилепски регистарски ознаки, управуван од 41-годишен жител на прилепското село Канатларци. Возачот на возилото „Фолксфаген“ и неговата 44-годишна сопатничка од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот со телесни повреди, констатирани во болниците во Битола и Прилеп. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука