Забава Избор Култура Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

КУД „Гердан од бисери“ од Охрид дел од фолклорната манифестација „На гости во Ханриево“

Скопје/Охрид, 15. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во реонскиот парк во Ѓорче Петров денеска напладне ќе се одржи фолклорната манифестација „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево“.

На манифестацијата, што се одржува под покровителство на Општина Ѓорче Петров, три години по ред по седум детски ансамбли од културно-уметничките друштва го презентираат богатото фолклорно наследство.

Ќе учествуваат членови од детските ансамбли на: КУД „Гердан од бисери“ од Охрид, Ансамбл „Керамичар“ од Велес, КУД „Димитар Беровски“ од Берово и Ансамбл „Орце Николов“, Ансамбл „Јонче Христовски“ и ЕФЗ „Седум осмини“ од Скопје.

Манифестацијата е во организација на Едукативното фолклорно здружение „Седум осмини“ од Ѓорче Петров и е дел од одбележувањето на „Денови на Општина Ѓорче Петров“. (Крај)

извор: МИА фото: КУД „Гердан од бисери“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука