Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Таеквондистите на „Хваранг Фист“ најдобри на Меѓународниот турнир кој се одржа во Охрид

Охрид, 16. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид вчера се одржа Меѓународен Таеквондо турнир под покровителство на Македонската Таеквондо федерација и Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид.

Учество зедоа околу 200 натпреварувачи од Република Македонија и регионов.

– Ова е прв турнир во новата натпреварувачка сезона 2024/2025 година. Нашиот клуб во крајниот пласман го освои првото место пред ТК „Корио“ од Кисела Вода, односно ТК „Младост“, двата од Скопје, информираат од „Хваранг Фист“.

Додаваат дека ова е успешен старт на сезоната, но и одличен старт за неколку дебитанти кои за прв пат излегоа на татамите да ги бранат боите на клубот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука