Охрид, 16. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Многумина со текот на годините се опуштаат и дозволуваат вишок на килограми, светски познатиот кувар Gordon Ramsay не покажува знаци на стареење и води грижа за својот изглед и здравје.
Секоја година тој учествува на најмалку два екстремни фитнес настани, без разлика дали тоа е маратон или Ironman.
– Би можел да застанам, да ги подигнам нозете во воздух, да купам брод и да одам на Карибите, но тоа не ме интересира. Ми се допаѓа опасноста, вели тој.
Се разбира, да се биде во форма не е лесно. Освен што е физички активен, тој внимава и што јаде. Неговото дневно мени се состои од неколку помали оброци. Наутро пие протеински шејк, за ручек јаде пржени јајца, а за вечера пилешко или риба.
– Никогаш не јадам многу. После тоа сум летаргичен, објасни Ramsay. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr