Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 17. степени

Охрид, 17. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 17. степени.

– Ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, проследени повремено со грмежи. До петок врнежите наместа ќе бидат пообилни и повремено поројни. Денес температурите преку денот ќе бидат за 3 до 5 степени пониски, а потоа ќе биде во постепен пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука