Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Меѓународна напредна обука по прва помош во Црвен крст Охрид

Охрид, 18. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Црвен крст Охрид и со партнерство на Црвен крст Зеволде, Холандија, од 12-ти септември 2024 година започна со реализација меѓународна напредна обука по прва помош или PHTLS – Prehospital Trauma Life Support, обука за парамедици.

– Обуката ја води, проф. д-р Rob Sudmeijer, искусен инструктор за прва помош од Холандија, со обука за PHTLS завршена на Јел универзитетот во САД и со огромно искуство во организација и спроведување посебни обуки за педијатриска прва помош, прва помош при користење на алкохол и психоактивни супстанци, прва помош при повреди во спортски активности и друго. Обуката ја следат вкупно 13 кандидати, по 2 од организациите на Црвен крст од Суботица, Крагуевац, Ужице, Србија, Бар, Црна Гора и 5 кандидати од Црвен крст Охрид. Значително и постојано вложуваме во надградба на своите човечки и материјални капацитети, особено во делот на првата помош, со цел навремено и ефикасно да се одговори на потребите на заедницата и на оние на кои таква помош им е потребна. Секако, значаен сегмент од нашето делување е едукацијата и ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите, како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди, потенцираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука