Забава Избор

The Dare го претстави деби албумот „What’s Wrong With New York“

Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Harrison Patrick Smith, кантавторот, Dj и продуцент кој стои зад соло-проектот познат како The Dare го претстави деби албумот „What’s Wrong With New York“.

Деби албумот пристигнува по успехот кој го постигна со својот прв број 1 во Велика Британија заедно со Charli XCX и Billie Eilish, продуцирајќи ја за нив одличната „Guess“.

Тој го помина остатокот од летото со Charli XCX на Ибица, а имаше и настапи во живо во Њујорк и Лос Анџелес.

Деби албумот на The Dare веќе добива одлични критики, а неговата неодамна започната турнеја во Северна Америка вклучува распродадени настапи во Чикаго, Сиетл, Сан Франциско, Лос Анџелес и многу повеќе.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука