Забава Избор

Faithless најавија голема турнеја во Велика Британија и Европа

Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – По незаборавниот настап на Glastonbury и објавувањето на нивниот нов албум „Champion Sound“, старите мајстори Faithless најавија голема турнеја во Велика Британија и Европа.

Во текот на ноември и декември тие ќе одржат дури 21 концерт во придружба на комплетниот бенд. Турнејата под името „Champion Sound Tour“, наречена по претстојниот нов албум, започнува во Единбург на 1. ноември и ќе трае до 14 декември, кога бендот ќе го има последното шоу во Копенхаген.

– Наше Faithless семејство. Многу сме возбудени што можеме да ја објавиме нашата европска турнеја подоцна оваа година, споделија на Instangram и додаваат: Едвај чекаме да танцуваме со што повеќе од вас.

Според календарот на настапите, Италија и Унгарија се најблиску што доаѓаат до нас, па ако уживате во овој звук, комплетните датуми ги имате на нивниот профил на Instagram.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука