Забава Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

На денешен ден во Охрид започна снимањето на култниот филм „Мирно лето“

Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денес е годишнина од првата клапа на првата македонска комедија во режија на Димитрие Османли, филмот „Мирно лето“.

„Мирно лето“ започнал да се снима во Охрид на 25-ти септември месец 1960, а премиерно бил прикажан на 18-ти април 1961 година. Гледајќи го филмот некој се присетува, а некој можеби првпат гледа како изгледал Охрид, Така, хотелот „Палас“, Чинарот, „Канео“, „Св. Климент“ пред повеќе од половина век.

Во овој култен филм освен Слободан Перовиќ, кој ја толкува главната машка улога, играат бардовите на македонското глумиште: Љупка Џундева, Мери Бошкова, Илија Милчин, Петре Прличко, Дарко Дамески.

Филмот „Мирно лето“ во 1961 година за само четири дена го виделе 17 илјади гледачи, а многумина доаѓале и во Охрид да ги посетат сцените каде се снимаше филмот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука