Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридската болница за кардиоваскуларни заболувања ќе го одбележи Светскиот ден на срцето

Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод Светскиот ден на срцето, кој секоја година глобално во светот се одбележува на 29-ти септември, оваа година ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид, во соработка со Крка-Фарма ДООЕЛ Скопје, организира настан чија цел е подигање на свеста на граѓаните на општина Охрид за значењето на покачениот крвен притисок и дислипидемијата како два најчести ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања кај луѓето.

– Во просториите на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид, планирано е да се спроведат активности кои ќе опфатат мерење на крвен притисок и скринирање на кардиоваскуларниот ризик кај луѓето, проследени со споделување на совети и информативни материјали од страна на доктори од болницата и претставниците од Крка-Фарма ДООЕЛ Скопје. Акивностите ќе се реализираат во понеделник, на 30-ти септември 2024 година, во периодот од 09:00 до 12:00 часот, информираат организаторите.

Додаваат дека Република Македонија е земја со многу висок ризик за кардиоваскуларни заболувања и сметаат дека со спроведување на оваа кампања ќе допринесеме кон подигање на свеста кај луѓето, а во интерес на намалување на кардиоваскуларниот ризик и превенција на сериозни кардиоваскуларни заболувања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука