Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Скрининг на кардиоваскуларниот ризик и совети за пациентите по повод Светскиот ден на срцето во охридскиот кардиолошки центар

Охрид, 30. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод Светскиот ден на срцето, денес во просториите на ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид во соработка со Крка-Фарма ДООЕЛ Скопје, кај пациентите се организира скрининг на кардиоваскуларниот ризик со мерење на крвен притисок и одредување на липиден статус, каде и се споделуваа совети и информативни материјали од страна на доктори од болницата и претставниците од компанијата.

– Целта на овие активности е подигање на свеста на граѓаните на општина Охрид за значењето на превенцијата и навременото откривање на покачениот крвен притисок и дислипидемијата како два најчести ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања кај луѓето, информираат од болницата.

Додаваат дека активностите по повод Светскиот ден на срцето продолжуваат понатаму, па така на 9-ти октомври 2024 година, во просториите на Општина Охрид, во организација на Здружението на дијабетичари од Охрид, д-р Јасмина Јованоски, супспецијалист кардиолог од ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид, ќе одржи предавање на тема „Запознавање со кардиоваскуларните заболувања и нивна превенција кај пациенти со дијабетес“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука