Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Советниците ги одржаа 45. и 46. седница, усвоени повеќе одлуки за легализација на бесправно изградени објекти

Охрид, 30. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Градските советници, денеска ги одржаа 45 и 46 седница во новиот состав.

На 45 седница на дневен ред беа советнички прашања, на кои преовладуваа теми од урбанистичката и инфраструктурната област.

Во продолжение беше одржана и 46 седница, на која беа усвоени повеќе одлуки за легализација на бесправно изградени објекти, а беа избрани и нови членови во повеќе комисии од различни сектори на општинската администрација. На оваа седница беше усвоена и програмата за организирање и функционирање на службата за зимско одржување на патиштата и улиците за периодот, октомври 2024-октомври 2025 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука