Македонија

Петчасовен распит на Бошкоски за случајот “Кампања” во СЈО

Скопје, 16. февруари 2016 (ОХРИДПРЕС) – По пет часа распит, екс-министерот и претседател на Обединети за Македонија го напушти специјалното обвинителство и без коментар се качи во затворското комбе за Идризово.

Љубе Бошкоски беше вратен во затворот каде има уште помалку од 4 месеци да ја заврши казната за случајот Кампања.

Судот го осуди за нелегално партиско финансирање за парламентарните избори во 2011-та, а неговиот адвокат потврди дека “Кампања”, сомнежите за местење на тој случај, како и бруталното полициско апсење биле главна тема на распитот во специјалното обвинителство.

И одбраната и самиот Бошкоски очекуваат специјалното да го преземе и случајот Ровер- за двојното убиство на Марјан Тушевски и на Киро Јанев, извршено летото 2001-ва кај трговскиот центар Беверли Хилс во Скопје.

До тимот на Јанева, според екс министерот, се доставени телефонски разговори со слична содржина како во случајот “Кампања”, односно на кои се слуша наводно договор како Бошкоски да биде наместен. (Крај)

извор: Телма фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука