Избор Охрид

Прекин на водоснабдувањето на повеќе улици

Охрид, 16. февруари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Од МЈП „Проаква Водовод Охрид“ информираат дека денес ќе има прекин на водоснабдувањето на неколку улици.

Прекинот ќе биде поради изведба на водоводна линија.

Без вода ќе останат улицата „ Јане Сандански“ од семафорите кај охридската гимназија до кружниот тек кај Општата болница, потоа улиците „ Сирма Војвода“, „ Карпош Војвода“, „ Мирче Ацев“, „ Ванчо Питошески“, „ Галичица“, „ Никола Карев“, „ 8-ми Септември“ и „ Лазо Трпоски“.

Прекинот ќе биде во периодот од 08.30 до 15.00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука