Спорт

Конечна развршница во Лига Европа

Виена, 8. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Денеска на стариот континент ќе се одиграат последните 24 натпревари од Лига Европа. Дуелите заради регуларноста на натпреварувањето почнуваат во исти термини во групите.

Останаа уште 11 празни места, додека 13 екипи имаат изборено учество во нокаут фазата од ова натпреварување. Во нокаут фазата ќе се приклучат и третопласираните екипи од ЛШ: Бешикташ, Копенхаген, Легија, Лудогорец, Олимпик Лион, Борусија Менхенгладбах, Ростов и Тотенхем.

Паровите за денеска се:

А група: Зорја – Манчестер Јунајтед и Феенорд – Фенербахче (почеток 19:00)
Б група: АПОЕЛ – Олимпијакос, Јанг Бојс – Астана (19:00)
Ц група: Андерлехт – Сент Етиен, Мајнц – Габала (19:00)
Д група: АЗ – Зенит, Макаби Тел Авив- Дундалк (19:00)
Е група: Астра – Рома, Викторија Плзен – Австрија Виена (19:00)
Ф група: Сасуоло – Генк, Рапид Виена – Атлетик Билбао ( 19:00)
Г група: Панатинаикос – Селта и Стандард – Ајакс ( 21:05 )
Х група: Коњаспор – Гент, Брага – Шахтјор ( 17:00)
И група: Ница – Краснодар, Салцбург – Шалке (21:05 )
Ј група: ПАОК – Либерец, Карабах – Фиорентина (17:00)
К група: Саутемптон – Хапоел, Интер – Спарта Прага (21:05)
Л група: Виљареал – Стеауа, Османлиспор – Цирих (17:00). (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука