Избор Спорт

Кошаркарите на Охрид рутински го совладаа Вардар 73-64

Охрид, 21. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Охрид рутински славеше на домашен терен против Вардар со 73-64, во рамките на натпревар од кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Охриѓани целата работа ја завршија уште во првата четвртина, поведувајќи со 29-13. Вардар опасно се закани во последната четвртина доаѓајќи до само пет поени разлика (61-56), но младиот тим од Скопје немаше сили за целосен пресврт.

Василевиќ беше најубедлив кај охриѓани со 22 поени и 22 скока, а најефикасни кај Вардар беа Калов со 16 и Србиновски со 12 поени. (Крај)

извор: екипа.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука