Спорт

Борусија Менхенгладбах му врачи отказ на тренерот Андре Шуберт

Дортмунд, 22. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Борусија Менхенгладбах ги отпушти тренерот Андре Шуберт, откако во вторникот загуби на домашен терен од Волфсбург со 1-2.

По поразот од Волфсбург, Менхенгалдбах остана на само 16 бодови во исто толку одиграни мечеви во Бундеслигата.

Борусија има скор од четири победи, исто толку нерешени средби и осум порази, и се наоѓа на 14-то место во Бундеслигата. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука