Избор Струга

„Заедно за Струга – со музика, песни и игри“

Струга, 22. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Локалната агенција за развој и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга, вечерва, од 18:00 часот, во хотел „Дрим“ во Струга, ќе се одржи манифестацијата „Заедно за Струга – со музика, песни и игри“.

Ќе настапат хорови, вокални групи и оркестри од основните и средните училишта од Вевчани, како и од училиштата со мешан етнички состав во Струга и струшко.

– Настанот е дел од нашиот проект „Декада на припадност – Славење на различностите“,  чија цел е да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор. Во тек сме на реализирање на различни активности како летен мултикултурен фестивал, мешан регионален хор, младинско списание, танцови работилници и музички настани, кулинарски доживувања, урбани резиденции со кои предвидуваме дека ќе го предизвикаме интересот кај граѓаните од сите возрасни и етнички групи да се вклучат и заеднички да ги направиме нашите заедници пријатни и посакувани места за живеење, велат организаторите.

Проектот е финансиран од Европската Унија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука