Спорт

Македонија 2016 ја завршува на 162. место на ФИФА ранг листата

Цирих, 22. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Според очекувањата македонската фудбалска репрезентација без промена ја заврши 2016 година на најновата ФИФА ранг листа.

Македонија во новата година ќе влезе од 162. место на ФИФА ранг листата, со 142 бода, во друштво на селекции како Аруба, Гренада, Мјанмар, Белизе, Малезија итн. Откако започна со натпревари под капата на ФИФА ,ова е најлошата позиција на националниот тим во нашата независност.

Во Топ 10 нема никаква промена во однос на ноемврискиот рангирање, Аргентина е прва пред Бразил и Германија, а потоа следат Чиле, Белгија, Колумбија, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука