Забава Избор

Финалистката на Ohrid SUPERSTAR, Емилија Петровска со cover верзија на „Despacito“ (видео)

Охрид, 16. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младата охриѓанка Емилија Петровска деновиве објави cover верзија на познатата и мошне актуелна „Despacito“.

Видеото го изработи Мартин Попоски.

Емилија Петровска, оваа друштвена, насмеана и весела девојка , ја запознавме на талент шоуто OHRID SUPERSTAR. Успеа да стигне и до самото финале, а си обезбеди учество на фестивалот „Охрид фест“ и доби награда од жири комисија, песна потпишана од Даниел Јовески, Дамјан Пејчиноски, Јовица Каралиевски и Димче Китрозоски.

Петровска обожува да пее, компонира и свири гитара, вели со музиката се дружи од мали нозе.  Досега има искомпонирано две англиски песни, кои се надева дека ќе ги реализира во иднина. Дотогаш останува да уживаме во cover верзијата на „Despacito“. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука