Хроника

Кривична пријава за референт за наплата во ЈП „Градски гробишта“

Охрид, 19. февруари 2016 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47- годишно лице од Охрид – референт за наплата и доделување на гробни места во ЈП „Градски гробишта“ во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот во периодот од 2011-2013 година за 74 погребани лица не изготвил налози за работа со пресметки за дадени услуги во вкупен износ од 186.630 денари, а за 27 надгробни споменици не изготвил налози за работа за извршени услуги во износ од 21,300 денари и истите не ги доставил до Секторот за сметководство во Јавното претпријатие. На овој начин пријавениот причинил вкупна штета на ЈП „Градски гробишта“ во Охрид за износ од 207.930 денари. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука